Нова “Бомба” со Дончев: За 10 милиони евра и “испраќање” полиција во фирма

Попладнево уште една објавена аудио “бомба” во која се слуша гласот на екс директорот на Фондот за здравство Ден Дончев.

Тој зборува за фирма која станала загубар затоа што исплаќала 10 милиони евра за авторски договори и за неговата “битка” со адвокатот на Заев Филип Медарски.

Во аудиото се слуша дека тој го молел Зоки (Заев) да се пушта инспекција во фирма.