Дури и во анкета направена и од американски левичарски институт кој идеолошки е близок на власта ВМРО-ДПМНЕ убедливо води пред СДСМ.
Според истражувањето спроведено од Институтот за демократија Социетас Цивилис – Скопје (ИДСЦС), Националниот демократски институт (НДИ) и Центар за управување со промени (ЦУП), со финансиска поддршка од Владата на Швајцарија ВМРО-ДПМНЕ води со 5 проценти пред СДСМ.
На прашањето „Доколку изборите се одржат следната недела за која партија би гласате?“ повеќе од половина од испитаниците одговорија дека не би гласале или дека не знаат за кого би гласале. За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 17% од испитаниците, за СДСМ 12%, ДУИ доби поддршка од 8% од анектираните граѓани, 4% изјавија дека би гласале за Левица, 3% за Алијанса за Албанците, додека 1% поддршка доби Движењето Беса.
Теренската анкета е спроведена во периодот 22 февруари – 9 март 2023 година со примерок од 1.002 испитаници над 18-годишна возраст на целата територија на државата, преку методот лице в лице.
Анкетата е направена пред скандалот за договорот меѓу владата и Бехтел и Енка што дополнително зналитечно ја влоши состојбата со рејтингот на владините партии СДСМ Алијанса за Албанците и ДУИ