Човек инспириран од идеологијата на вооружената група ИСИЛ денеска Шест лица биле прободени со нож во супермаркет во Оукленд, Нов Зеланд, од човек за кого се верува дека бил инспириран од ИСИЛ.

„Она што се случи денес е ужасно, полно со омраза, погрешно“, изјави премиерката Jaсинда Ардерн по нападот во кој напаѓачот за само 60 секунди бил ликвидиран од полицијата.

Премиерката соопшти дека напаѓачот бил државјанин на Шри Ланка, кој дошол во Нов Зеланд во 2011 година.

На социјалните мрежи беше објавено видео каде што може да се видат купувачите во супермаркетот набргу по почетокот на нападот на кое се случаат гласови на испаничени луѓе:.

„Некој има нож … тој има нож“, вели жена, „Некој е прободен“.

Од шесте ранети, тројца се во критична состојба, еден е со тешки повреди.

Нов Зеланд е во состојба на зголемена тревога од напади по 15 март 2019 година, кога бел супремацист уби 51 лице во две џамии во Крајстчерч.

Во мај, четири лица беа прободени со нож во супермаркет во градот Дунедин, на јужниот остров на Нов Зеланд.