Министерот за надворешни работи од редовите на ДУИ Бујар Османи отфрли каква било можност за судир во владината коалиција, што може да доведе до напуштање на Владата на ДУИ.
„ДУИ не може да ја напушти сопствената влада. Ова е влада на ДУИ. Погрешна е оваа матрица дека ДУИ влегла во Владата. Оваа Влада е на ДУИ, ние не можеме да излеземе од сопствената влада.“ – рече Османи, пренесува ТВ 21.
Бујар Османи се осврна и на настапот на неговата партија на претстојните локални избори.
„Разговараме со нашите партнери за можноста за соработка на овие локални избори. Имавме добро искуство на последните локални избори и ова им дава доверба на обете партии дека ова е добро за граѓаните, за политичките партии и за државата“, истакна Бујар Османи.
Според неговите зборови, „за ДУИ датумот на одржувањето на локалните избори не претставува проблем, во ДУИ немаат дилема во поглед на сопствениот успех на локалните избори.“, пренесува ТВ21.
Извор: https://lajmpress.org/osmani-kjo-eshte-qeveria-e-bdi-se/