Нов удар за довербата во јавното обвинителство и правосудството откако предходно двајца обвинители и една судијка добија кривични пријави за незаконско постапување во случајот ,,Труст”.

Според извори во скопското јавно обвинителство извесен период се врши надзор на работата на четворица јавни обвинители за кои постојат индиции дека не го почитувале законот во процесирање на случаи под нивна контрола.

За едниот обвинител веќе постои одлука за негово казнување а другите тројца се во исчекување дали ќе бидат одстранети од јавнообвинителската функција.

Шефот на Скопското јавно обвинителство Гаврил Бубевски и обвинителот Артан Ајро предходно добија кривични пријави од Државниот правобранител Фехми Стафа кој смета дека обвинителите постапиле незаконски во случајот каде биле оштетени државните интереси.

Еден од обвинителите кои се под ревизија а за кои има индиции дека грешеле при спроведување на законот за јавно обвинителство и соодветните обвинители процедури е и обвинител во Скопското јавно обвинителство кој без основано сомнение во содејство со шефот на обвинителството Гаврил Бубевски е инволвиран во прогонот на новинарот на емисијата Заспиј Ако Можеш на ТВ Алфа, Горан Момироски.

Кои се конкретните индиции за незаконско однесување на четворицата обвинители од различни обвинителства засега не се открива ниту од Советот за јавни обвинители ниту од МВР ниту од Републичкото јавно обвинителство.

Според последните релевантни анкети довербата во судството е мизерни 8 проценти.