По скандалозното добивање на 39 проценти од ТЦ Соравија каде без еден денар инвестиција стана газда на десетина милиони евра удел внукот на Али Ахмети Дрин е дел од скандалозен тендер во кој не се почитуваат законите и тендерската постапка.
Се работи за јавна набавка меѓу ЕСМ и Еверест ЏД фирма на Дрин Ахмети во вредност од 3,540,000 денари склучена на 13.06.2023 година.
Согласно член 7 од договорот, Дрин Ахмети требало да приложи 10% банкарска гаранција од вкупната вредност на договорот со се ДДВ.
Наместо да се почитуваат тендерските услови Дрин Ахмети поднел банкарска гаранција од Прокредит во износ од само 332,400 денари или 9,38% со што требало веднаш да биде дисквалификуван од тендерот.
Сепак и покрај јасните услови на тендерот внукот на Али Ахмети го добил тендерот јавува Фокус.