Најнов скандал ја тресе Агенцијата за национална безбедност (АНБ) која ја води кадар на СДСМ Виктор Димовски.
По случајот Александар Онишченко, АНБ се соочува со инцидент поврзан со неколку автомобили кои наместо на име на Агенцијата, биле заведени на лични имиња на вработени од секторот за стратешка соработка, дел од кои воопшто не ни имале возачка дозвола, дознава Слободен печат.
Според порталот за случајот се дознало, кога на една од вработените во АНБ и стигнала опомена дека извршител ќе и наплати за наводна сторена сообраќајка во која што таа ,,учествувала” со возилото кое што било на нејзино лично име, а не на име на АНБ. Но, вработената ниту вози автомобил, ниту има возачка дозвола, ниту знаела дека сообраќајката е направена.
Извори на expres.mk во безбедносниот сектор тврдат дека возилата за кои станува збор се поврзани со главниот кандидат за наследник на Виктор Димовски, Зоран Мацкиновски кој е од Куманово а чии блиски роднини се во релации со луѓе поврзани со премиерот Ковачевски на бизнис основа.
Повеќе детали на овој ЛИНК