По објавени 4 големи скандали кои ги објавија медиимите а со кои е поврзан вицепремиерот денеска нов силен удар за Артан Груби откако Државната комисија за спречување на копрупција одлучи да ги истражува наводите за корупција во надзорот на автопатиштата што ќе ги гради Бехтел – Енка.
Антикорупциската комисија одлучи да отвори предмет за надзорот на изградбата на автопатиштата кој преку тендер од 22 милиони евра го доби компанијата ИРД, а како подизведувачи се избрани уште три фирми за кои има контроверзни детали.
ДКСК донесла одлука дека треба да се проверат наводите во медиумите кои открија дека фирмата „Ептиса“ имала забрана од државата за да не биде ангажирана на градежни надзори поради неетичко и непрофесионално однесување, но пред тендерот владата ја поништила таа забрана.
Вториот спорен момент е учеството на фирмата „Евро консалтинг“, каде основач и сопственик е Бранислав Димитријевиќ, бегалец од Ерменија поради финансиски злоупотреби при градба на патишта во оваа поранешна советска република.
Вчера и премиерот Ковачевски и вицепремиерот Груби тврдеа дека не го знаат Димитријевиќ.
Од порталот Призма на БИРН одговорија со проверка на фактите изнесени на владината прес конференција – Димитријевиќ се уште е дел од сопственоста на Еуро консалтинг, спротивно на она што го кажа Груби, а во Ерменија за него има обвинение и распишана потерница, а не кривична пријава.
Надзорот е доделен на тендер, додека зделката за патиштата одеше преку специјален закон за да се овозможи да го гради конзорциумот Бехтел и Енка. Првично утврдената цена е 1,3 милијарди евра за 108 километри пат на делниците, од Тетово до Кичево, од Струга до Ќафасан и од Прилеп до Битола. Но Бехтел и Енка ќе работат по нов терк, планирањето ќе оди парцијално, првин ќе се бара траса, па ќе се врши експропријација на земиштето, па ќе се гради. Сите овие операции треба да завршат за најмногу 5 години.
Покрај милијарда и 300 милиони евра за патот, државата планира да даде и околу 300 милиони евра за експропријација на приватен имот на трасите кои се уште не се определени.
Координатор на овои проект е вицепремиерто Артан Груби кој веќе е под истрага на ДКСК за други спорни случаи.