Медијаторот Љубчо Георгиевски кој замина во приватна посета во Софија со цел да ги смири односите меѓу Македонија и Бугарија предизвика уште поголеми тензии откако јавно призна за шокантно барање од македонските членови на македонската страна.
Георгиевски во интервју за БГНЕС открива дека само на една страница од бугарскиот предлог кој е доставен до историската комисија македонската страна дури 12 пати мора да признае дека Гоце Делчев е Бугарин.
Медијаторот не остава простор дека оваа информација може да е неточна или погрешно интерпретирана.
Македонија треба 12 пати да го признае БУГАРСКИОТ ИДЕНТИТЕТ на ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ – предлог на бугарските историчари pic.twitter.com/pK9aROo2Wk
— Демир (@Trollowsky) October 23, 2020