Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера бил фатен возач од Битола кој имал 4,03 промили алкохол.
Вво акциските проверки на сообраќајното подрачје што ги спроведува МВР, биле проверени 135 возила, од кои 23 се испратени на техничка контрола.
„Сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, се вели во соопштението на МВР.