Ако на пописот во Македонија само 1.000 луѓе покажат бугарско национално чувство, тоа би ја лишило Софија од секакви аргументи во актуелниот спор со Скопје. Само 72 жители на Македонија досега се изјасниле како Бугари на пописот на населението што е во тек, пишува поранешниот конзул на Бугарија во Чикаго, Иван Анчев.

Тој за Фактор.бг ддодава дека останатите 130.000 баратели на бугарски државјанства потпишале изјава пред нотар дека имаат бугарско потекло и национално сознание, што значи дека дале лажна изјава, а тое дело е казниво според бугарскиот кривичен законик.
Дипломатот предлага да им се одземат пасошите на сите оние кои имаат бугарски државјанства, а не се изјаснуваат како Бугари.
„Некои од најголемите критичари на Бугарија на социјалните мрежи, кои најсилно извикуваат: „Бугари-татари“, се горди носители на бугарски пасоши. Од таа гледна точка, следува да запрашам: Дали ни се неопходни такви бугарски граѓани? Носители на бугарски пасош, кои со ништо не придонесуваат кон бугарската нација и бугарскиот народ. Поради таквите, кај мене се раѓа дилемата дали да предложам нешто екстремно: да ја укинеме натурализацијата, односно да им го одземеме државјанството на носителите на бугарски пасоши кои не се самоопределуваат како Бугари на актуелниот попис во РМ“, вели Анчев.
Претгодно и бугарското здружение „Македонија“ излезе со сличен предлог да им се одземат државјанствата на Македонците кои нема да се изјаснат како Бугари на пописот во Македонија.