Нов нечовечки скандал на Косово – медицински сестри тепаат жена во ординација (ВИДЕО)

Косово денеска се соочува со нов нечовечки скандал откако беше објавено видео од бабичката на кое што се гледа како таа денеска била физички малтретирана од медицински сестри во Пеќ.

Малтретираната жена е мајка на војникот на косовската УЧК Таулант Нурај, кој загинал во 1999 година во околината на Ѓаковица.

Двете сестри кои се гледаат на видеото попладнево биле уапсени од косовската полиција, пренесуваат косовските медиуми.

Пред два месеци Косово се соочи со друг голем скандал кога беше откриено дека петмина нелуѓе силувале 11 годишно девојче.