Нов масакр во Србија, вечерва убиени повеќе лица, ранети се најмалку 11

Повеќе лица загинаа, а најмалку 11 се ранети во вечерашната престрелка во Младеновац.

Според неофицијални информации, убиените и ранетите мирно седеле на клупа, кога врз нив бил отворен рафален оган.

Локални жители за српските медиуми велат дека се слушаат истрели и од селото Шепшина кој кое се блокирани сите правци од страна на полицијата.

Полицијата трага по осомничениот У.Б. кој има 21 година кој откако се скарал со пријатели отишол дома земал Калашњиков и се вратил да им се одмазди на тие со кој влегол во конфликт.

Екипи на Брза помош и полиција се на местото на инцидентот. Можно е да има повеќе жртви, а според неофицијални информации меѓу ранетите има и деца.

Маж од возило во движење пукал со калашникови во толпата, без да ги избере жртвите.

На местото на инцидентот се и припадници на полицијата, а по младиот У.Б., 21 година, е распишана потерница. Откако ги испукал истрелите побегнал со возило мерцедес.

Според информациите од Србија во 1 часот по полноќ информацијата беше дека во масакрот кај Обреновац загинале 7 лица.

На 8 ранети од Младеновац им е укажана помош во Ургентниот центар во Белград, 1 лице во Смедерево, а 2 пациенти во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“.

Според неофицијални информации, убиецот Урош Б. син на воено лице бил опколен во селото Шепшин, а преговорите со полицијата не биле успешни откако напаѓачот пукал во полицијата без намера да се предаде.

Според неофицијални информации, конфликтот со убиецот започнал во училишниот двор во местото Дубона. Тој се скарал со неколку лица, по што отишол дома и се вратил со автоматска пушка и отворил оган.

Според неофицијални информации на Курир, напаѓачот пукал во соседното село Шепсина додека полицијата го бркала.

Според неофицијални информации, полицаец и неговата сестра загинале во престрелката во Младеново, пишува Вечерње новости. Според првичните информации седум лица се ранети, меѓу кои и деца.