Денес се регистрирани 111 нови лабораториски позитивни случаи на SARSCoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 195.002, информира Институтот за јавно здравје.

Оздравени се 165пациенти, а во изминативе 24 часа –пријавени се 15 починати лица.

Од новозаразените во Скопје се 83 лица, Прилеп – 6, Велес – 5, Кавдарци – 4, Куманово, Тетово, Битола и Крива Паланка – по 2, Гостивар, Штип, Струмица, Кочани и Гевгелија – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале 15 лица – 5 починати лица од Скопје на возраст од 56 , 69, 72, 75 и 91 година, по 2 починати лица од Кавадарци (64 и 84 години) и Кичево (54 и 87 години) и по едно починато лице од Велес (72 години), Берово (56 години), Гевгелија (64 години), Кочани (76 години), Крива Паланка (61 година ) и Струмица (81 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 09.09.2021 до 11.09.2021 година. Регистрирани се 2 лица од Дебар и едно лице од Гостивар на возраст од 56 до 82 години. Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.002, бројката на оздравени пациенти е 181.196, на починатие 6.849, а бројот на активни случаи изнесува 6.957.