Изградбата на новиот клинички центар е приоритет за министерот Беким Сали, но во моментот не е можна негова реализација поради немање најдобро финансиско решение.

Клинички центар: Празно ветување долго пет години

„Тоа е комплексен проект кој бара неколку решенија меѓу кои и финансискиот дел. Поради немање на најдобро финансиско решение за реализација на овој проект, продолжуваме со реновирање и адаптирање на постоечките клиники се до моментот кога ќе се заокружи мозаикот неопходен за реализација на таков капитален проект“, изјави Сали.

Распишан тендер: По 90 месеци добиваме нов Клинички центар

Министерот за здравство Беким Сали денеска во изјава за медиумите рече дека е оптимист дека проектот сепак ќе се реализира во овој мандат.