Нов инцидент во Егејска Македонија, откинати глави на грчки андарти во Воденско (ФОТО)

По веста која ја објавија бугарски извори дека во македонско село во Воденско била оштетена биста на ,,македономах” односно борец за грчката кауза однапред еден век денеска нова информација за целосно обезглавување на две бисти на грчки андарти од кои еден е обесен од ВМРО пред 115 години.

,,11 септември 2022 година , Воден, Егејска Македонија – Во воденскиот парк меѓу селата Владово и Теово (Каридија) во Воден (Едеса) откинати се главите од бистите на двајца грчки андарти Телос Агапинос познат како капетан Аргас, офицер од Навплион и неговиот курир Мингас”, објавува на Твитер профил запознат со инцидентот во Воденско или Едеса по грчки.

Предходно беше објавено дека како резултат на ,,македонската борба” настрадал грчки андарт чиј нос на бистата беше откинат а лицето оштетено од локални жители.

Во селата кои се споменуваат живеат Македонци.

Во македонско село близу Воден жители скршиле споменик на грчки андарт обесен од ВМРО пред 115 години (ФОТО)