Нема повредени во новиот инцидент со  автобус на „Дурмо турс“ утрово кој утрово од Гостивар тргнал на редовна линија за Скопје.

Патниците тврдат дека се блокирале задните тркала, за што сведошат трагите од кочење , по што настанала паника во автобусот, дознава ТВ Сител.

Во автобусот бил и Ферат Решани кој денес тргнал во посета кај свој колега инаку  еден од повредените во трагичната сообраќајка кај Ласкарци.

Автобуси на „Дурнмо турс“, по катастрофалната несреќа, продолжи да вози на редовните линии на релација Гостивар- Скопје- Гостивар, како и останатите релации во и надвор од Македонија.