Фотографии од пречекот на шефицата на Европската Комисија Урсула Фон дер Лајен пред почесната гарда на АРМ пред владата откриваат уште еден протоколарен скандал на владата на СДСМ, Алијанса за Албанците и ДУИ.

По низата скандали со промашени знамиња, пречек со метла на американски министер за одбрана и други гафови на владата на СДСМ Урсула Фон дер Лајен беше пречекана со тепих кој како да е набавен за време на Илинденското востание или во најдобар случај за време на одржување на АСНОМ.

Ковачевски и Урсула Фон дер Лајен имаа блиска средба со скандалозниот распаднат тепих кога се поклонија пред почесната гарда и од околу еден метар лично посведочија за распаднатиот тепих кој е симбол на една распадната влада.

Тепихот со кој е пречекана шефицата на ЕК е како да го јаделе глувци а чини не повеќе од 500 евра но можеби токму тоа е проблемот затоа што за него не треба тендер и ако некој сака да заработи никаква провизија ќе мора да се договара во ,,,четири очи”.

Да имал некој од луѓето на премиерот акал во главата барем ќе го свртеле тепихот од другата страна па можеби гостинката немаше да забележи дека ја пречекуваме со полураспадната черга што во дипломатските протоколи може да значи и декларација на непријателство кон гостинот.

За среќа Фон дер Лајен нема да го разбере тепихот како гест на омраза од СДСМ и ДУИ затоа што знае дека во владата седат неспособни луѓе кои не можат да сменат еден тепих иако потрошија над 30 милијарди евра во последниве 6-7 години.

Скандалот го забележа влијателен Твитерџија чии фотографии се повод за најновата парафразирана народна изрека: ,,Каква ти е чергата толку ти е распадната владата”.