Не во еден туку во два наврати во соопштение на СДСМ денеска земјоделците се нарекуваат земјодлеци.
Со оглед на тоа што во пропагандата на СДСМ работат многу луѓе речиси неверојатно е дека никој од нив не прочитал што пишува во соопштението и со часови никој не ги поправил грешките.
Поради тоа логично се поставува и дилемата дали СДСМ на земјоделците кои често пати протестираат против лошите земјоделски политики на власта им се праќа скриена порака со комбинација од зборовите земјоделие и подлеци односно земјодлеци.
Втората опција е помалку веројатна но зошто тогаш со часови никој во СДСМ најмалку 4,5 часа не ја поправа грешката.