Нов црн рекорд: 22 починати од Ковид-19 во последното деноноќие во Македонија!

Епидемијата на коронавирус добива драматични размери во Македонија, откако во последното деноноќие се регистрирани дури 22 починати, што е нов црн рекорд.

Починати се 7 пациенти од Скопје (55, 78, 71, 35, 66, 71 и 64 години), по
двајца од Дебар (58 и 64), од Велес (61 и 64), Битола (70 и 74), од Гостивар (76 и 79) и од Крива Паланка (56 и 88), како и по еден од Куманово (57), од Прилеп (61), од Струга (75), од Кочани (60) и од Делчево (81). Од нив двајца се починати вон, а останатите во болнички услови.

Во последните 24 часа се направени 1901 тестирања, а регистрирани се 561 нови случаи на Ковид-19, од кои 271 во Скопје, 33 во Прилеп, 32 во Струмица, 29 во Куманово итн.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 197 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 26.954, оздравени се 18.627, починати 919, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 7.408.