Нов „бисер“: Со Заев беше лесно и кога беше најтешко

Ви фали Зоки, а? Со него беше се’ возможно. Дури и кога работите изгледаа невозможно.

Ова е дел од објавата на аналитичарот Ненад Јовановиќ кој е „зачуден“ од изјавата на шефот на државата Стево Пендаровски кој изјави дека е тешко до 2/3 за Уставните измени.


„Па идејата е да биде тешко, во спротивно чуму ни се политичари, претседатели и премиери?, пишува на ФБ Јовановиќ.

„Идејата е да се покаже дали ние сме капацитетни да играме во меѓународна лига или ќе останеме да играме на мали голчиња. Доста ни е од игри на мали голчиња“ вели Јовановиќ.

„Недостига Заев, нели? Или нему не му беше тешко, не знаеше и тој самиот дека на конец ја става сопствената кариера со договорот од Преспа? – констатира Јовановиќ.

Тој апелира до Пендаровски „да не одмори од неговата малодушност и да работи на (обезбедување – н.з.) 2/3 во Собранието“ за уставние измени.