Носи ли кинескиот министер за одбрана датум за „Синофарм“ вакцини?

Во официјална посета на Македонија денеска ќе претстојува кинескиот министер за одбрана, генерал Веи Фенгхе, кој ќе го посети Министерството за одбрана, а потоа како што е најавено, ќе оствари средба со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.



Премиерот Зоран Заев неодамна изјави дека министерот би можел да ни каже кога конкретно ќе бидат испорачани кинеските вакцини кои нашата земја ги порачала од кинескиот производител Синофарм.

„Очекувањата се дека со себе ќе донесе надеж и најава кога би можеле да пристигнат и кинеските вакцини, со коишто ќе започне масовната имунизација на населението“, изјави Заев.

Земјата треба да добие 200 илјади вакцини од кинескиот производител „Синофарм“.

Познато е, имаше многу контроверзи околу набавката на кинески вакцини.