Пет лица се убиени, а две се повредени синоќа во Норвешка, во нападот во кој биле користени лак и стрела.

Полицијата го уапси напаѓачот идентификуван како 37-годишен Данец кој живеел во Конгсберг каде се случи инцидентот , инаку град со 28.000 жители, 70 километри северозападно од Осло.

„Тој соработува и даде детаљни изјави во врска со нападот“, изјави неговиот адвокат Фредрик Нојман, не откривајќи информации за својот клиент.

Шефот на локалната полиција Ејвинд Ос кажа дека напаѓачот успеал да избега по првичниот судир со полицијата и бил уапсен 34 минути по почетокот на нападот.

„Ова е ужасен напад. Рано е да се шпекулира за мотивите“, изјави Ерна Солберг, на која токму вчера ѝ завршуваше премиерскиот мандат.

Ова е најсмртоносниот напад во Норвешка од 2011 година, кога Андерс Брејвик уби 77 луѓе.