Денеска официјално ќе отпочне со работа Конзулатот на Кралството Норвешка во Скопје, кој ќе го предводи Живко Мукаетов, кој исто така веќе 16 години е Генерален конзул на Кралството Данска во Македонија.
На свеченоста, во просториите на „Алкалоид АД“ Скопје во Автокоманда, ќе присуствуваат амбасадорот на Норвешка во Белград, Јорн Еуген Ѓелштад, државниот секретар при Министерството за надворешни работи на Норвешка, Еивин Вад Петерсон, советникот во Кабинетот на министерот за надворешни работи на Норвешка, Гро Дахле, заменик директорот во секторот за ЈИЕ при МНР на Норвешка, Јохан Лоов, како и првиот секретар на Амбасадата на Норвешка во Белград, Стефан Алмехаген Сандстад.
