Норвешка размислува да го запре извозот на електрична енергија во Европа за да избегне енергетска криза, објави Ле монд.
Причина не е недостигот на руски гас, туку климатските промени кои се одговорни за пресушување на резервоарите за вода кои ги хранат 1.700 хидроцентрали кои произведуваат повеќе од 90% од електричната енергија произведена во земјата.

На почетокот на август, акумулациитеод браните беа полни 78,9%, но сега се спаднати објави Норвешката Дирекција за водни ресурси и енергија (NVE).


Причина е екстремно ниското ниво на врнежи веќе две години.

Ситуацијата е особено алармантна во југозападна Норвешка, каде акумулациите се полни само 50,4%.

Токму од овој регион оваа земја со 5,4 милиони жители, вториот најголем снабдувач на гас во Европа, доставува голем дел од својата електрична енергија на своите европски и британски соседи. Во 2021 година нејзиниот извоз достигна 25,8 терават часови (TWh), што е 30% повеќе во споредба со 2020 година.