Нора Шаќири пријавена за мобинг во Театар Комедија

Вонредна инспекциска контрола денеска влегла во Театар Комедија по пријава дека директорката Нора Шаќири-Марковиќ вршела мобинг и психичко вознемирување врз вработените во театарот.

Таа за порталот „Локално“ изјавила дека нема коментар за ситуацијата, па топката ја префрлила кај колективот.

– Најдобро е да го прашате колективот дали им е вршен мобинг на вработените во театарот. Не знам каде да ве упатам да се јавите. Во институцијата никој од вработените нема поднесено пријава против мене, така што не знам што да ви кажам – изјавила Шаќири за Локално.

Исто така, таа рекла дека не знае со што е поткрепена пријавата.

– Во време кога театарот работи под полна пареа, работи и гостува на фестивали, навистина не знам дека тоа е мобинг – истакнала директорката.