Ноќеска околу 1.30 часот се запалија бараките на ЈП „Улици и патишта“, зад трговскиот центар Буњаковец во центарот на Скопје.

Изгоре целата внатрешност на бараката. Целата документација на претпријатието е уништена.


Директорот на претпријатието Борис Настов, пожарот настанал од паркирана кола, која експлодирала и оганот се проширил во бараките.

„За жал, пожарот се прошири низ сите бараки и сега тие се уништени. Чуварот интервенирал и повикал Пожарна, но оганот брзо се ширел. Во овие простории нема да може веќе да се работи.

Се спремавме за снегот, а не изненади пожар“, вели Настов, кој минатата недела беше назначен за в. д. директор на претпријатието, за порталот СакамДаКажам.

За неполни два месеци, ова е втор пожар во државна институција откако на 26 октомври изгореа бараките на поранешниот Суд за прекршоци во Градскиот парк, за кој се шпекулираше дека и дел од архивата.