„Нобелова за мир“ за руски, белоруски и украински активисти

Активисти за човекови права од Русија, Белорусија и Украина се годинашните добитници на Нобеловата награда за мир.

Нобеловиот комитет соопшти дека таа ќе им припадне на белорускиот активист Алес Бјалијацки, руската организација „Меморијал“ и на украинската организација „Центар за граѓански слободи“.

„Добитниците го демонстрираа значењето на граѓанското општество за мирот и демократијата. Тие покажаа дека е важно да се критикува власта и да се штитат основните човекови права“, објави Нобеловиот комитет.