Нобеловата награда за медицина годинава е доделена на Американците Харви Ј. Алтер и Чарлс М. Рајс, како и Британецот Мајкл Хаутон, за откривањето на вирусот Хепатитис Ц,

Благодарение на ова откритие, болеста Хепатисис Ц ќе може сосема да се излекува, пишува Дојче веле

Наградата оди во рацете на „тројца научници кои имаат голем придонес во борбата против хепатитисот“, обjaви Нобеловиот комитет, од каде се додава дека „болеста претставува голем глобален здравствен проблем, кој предизвикува цироза и рак на црниот дроб кај луѓето ширум светот“.

Со доделувањето на Нобеловата награда за медицина, која за прв пат е доделена во 1901 година, почнува неделата на Нобелови награди.