Неидентификуван објект, кој наликувал на проектил, рано изутрина се урна во близина на главниот град на Кипар, Никозија, соопштија турски претставници на островот.
Властите ги проучувааt остатоците на местото на несреќата соопшти Кудрет Озерсај, министер за надворешни работи на Северен Кипар.
„Според информациите што ги добив од нашите воени извори, причината за несреќата што се случи вечерва не беше … хеликоптер или некое од нашите слични возила”, напиша Озерсај на Твитер. “Нашите војници, полицајци и пожарникари извршуваат инспекции и на местото”.
Озерсај смета дека најверојатно се работи за руски проектил С-200, пренесе Дојче веле
Експлозијата се случила околу 1 часот по полноќ во регионот Ташкент, познат како Воуно, 20 километри североисточно од Никозија.