Две третини од земјите-членки на НАТО ги исцрпиле можностите за снабдување со оружје на Украина, пишува американскиот весник „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на претставник на Северноатлантската алијанса.

„Малите земји го исцрпија својот потенцијал, а 20 од 30 членки на НАТО ‘значително се исцрпија себеси’“, објаснува изворот.

Соговорникот на весникот прецизира дека преостанатите десет земји се подготвени да продолжат да му помагаат на Киев, посебно поголемите сојузници. Станува збор за Франција, Германија, Италија и Холандија, се наведува во написот.

Во почетокот на ноември, италијанскиот министер за одбрана Гидо Крозето изјави дека Рим не подготвува нови испораки на оружје за Украина, но не ја исклучи можноста властите да го преиспитаат пристапот во рамките на договорот за НАТО.