Речиси 100.000 мигранти пристигнаа во Њујорк од минатата пролет. Повеќе од 57.000 баратели на азил се под грижа на градот, што дополнително го оптоварува системот на прифатните центри, кој во последните години се соочува со зголемување на бројот на бездомници, но и со хроничен недостиг на прифатливи станови“, пишува Фајненшл тајмс.

Кризата, посочува весникот, го привлече вниманието на јавноста на почетокот на август кога стотици баратели на азил беа пронајдени како спијат на тротоарот пред хотелот Рузвелт на Менхетен.


Зградата на хотелот од 1920-тите била затворена за време на пандемијата предизвикана од коронавирусот, но, објаснува Фајненшл тајмс, таа била повторно отворена минатата година како центар за обработка на десетици илјади мигранти кои се прелеале во Њујорк од целиот свет.

Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, кој моли за поголема помош од државата, предупредува дека ситуацијата „нема да се подобри“.

Адамс процени дека трошоците на градот за прехранување и сместување на толку многу баратели на азил би можеле да надминат 12 милијарди долари до јули 2025 година.

Тој истакнува дека „сочувството на њујорчани можеби е неограничено, но нашите ресурси не се“…