Луѓето многу често сакаат да патуваат до одредени локации, посетувајќи различни земји и знаменитости, притоа користејќи авион, автомобил, автобус или воз, но за некои овие превозни средства им се здодевни, па поради тоа поголемите зависници од авантура го користат велосипедот.

Такви се Французите Мариен и Мишел кои случајно ги сретнавме во центарот на Скопје, а кои од пред два дена се во нашата земја и за Плусинфо споделиле дел од нивното патување.

– Во март оваа година го започнавме нашето патување кога заминавме за Британија, а од таму се вративме во Рен и нашето патување траеше 5 месеци. Ние имаме во план во Франција да отвориме колективна фарма, па поради тоа сакавме да посетиме што е можно повеќе колективни фарми, каде што работевме по 2 до 3 недели во различни колективни фарми. Имавме цел да дознаеме како тие се организираат меѓу себе, како владите им помагаат, како ги споделуваат парите, активностите и слично. Успеавме во нашата идеја и цело време бевме со нашите велосипеди – ни објасни Мариен објави Плус Инфо.

Линк до целото интервју.