Норвешката влада сака да го олесни товарот од зголемувањето на сметките за струја за своите граѓани. Домаќинствата ќе добијат владина помош за екстремно големи сметки со тоа што ќе им платат половина од она што ја надминува граничната цена од 7,8 центи за киловат.

Мерката стапи на сила во декември 2021 година и ќе трае до март.


„Вонредната состојба бара вонредни мерки“, рече премиерот Јонас Гар Стере на прес-конференција во Осло во саботата, пренесува Јутарњи лист.

Според Владата, за помош на граѓаните ќе се издвојат 560 милиони долари.

Норвешка, инаку, е меѓу најбогатите земји во светот кога станува збор за БДП по глава на жител и изнесува 70.000 долари годишно за секој Норвежанец.