Еден документ на Јавното обвинителство на република Македонија е доволен да се види хаосот во институцијата чиј шеф Љубомир Јовески сака да стане уставен судија.

По судирот меѓу Јовески и Русковска за случајот Арафат Муареми на обвинителството за неколку дена му се случува нов скандал.

Институцијата која има само 8 % доверба од граѓаните денеска објави документ кој целосно го понижува македонскиот јазик.

Документот е одлука за прекин на мандатот на јавниот обвинител Војо Димоски од охридското обвинителство кој предходно самиот си даде оставка.

Одлуката е напишана на три јазици, три азбуки и во неа може да се видат низа јазични и други видови грешки кои се понижување и за македонскиот јазик но пред се за институцијата која треба да ги гони и тие што го понижуваат јазикот и со тоа го кршат законот.

,,Согласно препораките на Скафандра за ширење радост, интегрално ја објавувам Одлуката на СЈОРМ по повод мојата оставка.
Вака изгледа применета двојазичност комбинирана со висок степен на информатичка писменост.
Единствено останува дилемата зошто Обвинителството наместо кандидати за вечерно школо изнедрува кандидати за уставни судии?”, со доза на иронија пишува обвинителот а сега веќе адвокат Војо Димоски кој важи за еден од најдобрите експерти за кривично право во земјава.

Во документот во една реченица има најмалку два различни фонта кои не се на кирилица иако тоа е законска обврска.

Целиот документ кој предходно е објавен и веднаш повлечен од веб страната на обвинителството може да го прочитате овде