Ниту УНЕСКО ниту културно богатство (ВИДЕО ОД УРИВАЊЕ НА НАГРАДЕН ОБЈЕКТ)

На една од најатрактивните локации на охридското крајбрежје се урива објект чие архитектонско решение добило награда пред 31 година за на негово место да се гради нов хотелски објект на само 50 метри од езерото.

Според охридската невладина организација Охрид СОС се работи за спорен проект во кој се инволвирани повеќе моќници.

“На местото на „Парк“ според одобрението за градба од 2018, инвеститорот градежната фирма „Ремис“ ќе гради хотелски комплекс од приземје три ката и поткровје. Но, Одобрението за градење на „Ремис“ е правосилно од 6 јули 2018, а првпат градежни работи почнуваат во 2021, што е речиси една година по истекот на важноста на одобрението за градење. Па затоа, Здружението Охрид СОС вчера поднесе иницијатива за итен инспекциски надзор до Инспекцискиот совет, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и Државниот управен инспекторат поради прекршувања на одредби од Законот за градење што се кривични дела според Кривичниот законик”, пишува дописничката на сдк од Охрид.

Видео од уривањето на наградениот објект во 1989 година

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=5388596107848886&id=100000956497650