Не стигнуваат реакциите откако министерот за здравство најави дека државјаните на Косово ќе се лекуваат во Македонија по исти цени како македонските државјани.
Докторот Александар Митов реагира дека тоа нема таков капацитет и дека тоа не го прават ниту Сингапур и Швајцарија за своите соседи.
„Дај Боже да имавме толку висок здравствен буџет па да ги лекуваме сите околни земји… Но, немаме.
Па дури и Сингапур и Швајцарија не лекуваат граѓани на околни земји. Треба само површно познавање на буџетите на болниците за да се знае каква е реалната состојба.
Значи, за некои работи не треба ни анализа за да се види дали се реални и можни. Треба само малку информираност и здрав разум. Но, не само пари, и последниве ги нема…“, напиша Митов на Фејсбук.