Ниту признанието за злоупотреби, ниту кривичната пријава не е доволно за Наумче Мојсовски да си замине од Агенцијата за млади и спорт

Признание за злоупотреби и кривична пријава – ова не  е доволно за Наумче Мојсовски да си даде оставка од директорската позиција во Агенцијата за млади и спорт, објави „Алфа ТВ“. Тој денеска призна дека се правела злоупотреба со ваучерите. Но наместо за одговорност, тој зборуваше како после се ќе ги сменел работите. Од следната година, парите немало повеќе да одат преку фирми, туку директно преку државата. Но за тоа да се случи во Собранието треба да поминат законски измен, кои  притоа се уште не се дојдени на дневен ред.

По низата скандали изминатиот период, каде Мојсоски беше директно вклучен, вели ваучери за спортистите се даваат еднаш годишно, а висината годинава се зголемила.

  • Ова се прави за да не дојде до злоупотреби, и со овој потег верувам дека ќе се реашат сите проблеми и спортистите ќе ги добиваат парите на сметка. Станува збор за сите федерации, спортски. Ваучери за спортистите се даваат еднаш годишно, а висината годинава се зголемила на 12 до 15 милиони евра, пари кои се очекува да се поделат поделат веќе од 2024, вели Мојсовски.

За време на директорувањето на Мојсовски, Агенцијата за млади и спорт се поврзува со низа скандали. Па го прашавме директорот  дали освен разбранување на јавноста, Агенцијата работи нешто друго.

Државната комисија за спречување на корупцијата до Обвинителството поднесе кривична пријава директор на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски и членовите на централната комисија за наводна злоупотреба и непочитување на ваучер системот на финансирање фондации и спортски клубови. Спортиските работници бараа итно разрешување на Мојсовски.