Никој не контролирал и не водел дневна евиденција за тоа колку и каде вработените во Агенцијата за вработување ги возат службените возила и колку бензин трошат, ниту, пак, се следело колку високи трошоци биле направени – објави „Фактор“.

Ова е една од клучните забелешки на државните ревизори за работењето на Агенцијата за вработување за периодот во 2020 година.

Од ДЗР велат дека овие финансиски извештаи се одговорност на двајца директори на Агенцијата, и тоа поранешната директорка Билјана Јовановска, која директоруваше со Агенцијата до почетокот на ноември минатата година, како и Абдуш Демири, кој оттогаш директорува со Агенцијата, а и сега е на таа позиција.

Ревизорите изразиле неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансискиот извештај и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики.

Линк до целиот текст.