Во завршниот збор за случајот „Монструм“, обвинителката Фатиме Фетаи го спомна премиерот Зоран Заев, кој од позиција на лидер на тогашната најголема опозициска партија, јавно зборуваше дека прислушуваните разговори ќе ја откријат вистината за „Монструм“.

„И покрај ваквото тврдење се отфрлија сомнежите дека постои друга вистина, на која, на еден начин, беше навлечена јавноста. Но, ниту прислушуваните материјали, ниту неговиот исказ, не ја смени вистината во Монструм“, истакна Фетаи, туку додаде дека преквалификацијата следува по правилната анализа на сите прибавени докази.

Таа додаде и дека на прашање на обвинителството дали постојат други материјали, Заев потенцирал дека сите материјали биле предадени на СЈО, а поради тоа што дел биле прибавени преку посебни истражни мерки бил советуван од неговите адвокати да не ги објавува во јавноста, поради што ги предал во СЈО. Фокус