Отворањето на клубот во Благоевград, мнозина го нарекоа историски исчекор. По многу што, точно е така, пишува аналитичарот и поранешен амбасадор Ристо Никовски во колумна за „Плусинфо“.

Тиој ги наведува причините за значењето на отворањето на клубот „Никола Вапцаров“ иако дВа дена по настанот тигна информација дека Граѓанското здружение за заштита на основни индивидуални човечки права кој е основач претходно било ликвидирано од страна на бугарсклите власти


Прво, тоа беше јавна манифестација на Македонците во Бугарија. По отворањето на клубот, иако со јако полициско обезбедување, тие шетаа низ градот, што не се случило никогаш порано.

Второ, и најважно, бројни бугарски и македонски медиуми беа на самото место и регистрираа што се случува. Светот разбра многу работи, без оглед како информираше бугарската страна.

Трето, настанот беше силна шлаканица и за двете влади.

Бугарската ќе биде изложена на додатни анализи на Брисел, и на европските и други центри, дека не признава малцинство коешто, ете – постои. Нејзината неприфатлива политика кон Македонија доби додатна димензија, неповолна за Софија.

-Македонската влада, пак, се најде во небрано бидејќи официјално се откажа од дел од својот народ којшто, сепак – постои.

Четврто, во Македонија максимално порасна чувството против крајно погрешните досегашните политики кон Бугарија и тамошните Македонци. Сега е масовно убедувањето дека не може да се продолжи на ист начин. Тоа е сериозна порака за власта, којашто обврзува.

Петто, настанот покажа дека мора да се продолжи со отворање на вакви клубови и во други градови во Бугарија, како во Гоце Делчев, Петрич, Сандански … Ова е сигнал дека истата постапка треба да се спроведува и во Егејскиот дел. Примерот е тука и треба само да се следи. Дијаспора е спремна да помогне, додека од сегашната македонска власт не треба да се очекува никаква поддршка.

(…)

Самата најава на премиерот, дадена уште во април, а сега само повторена, дека Македонија ќе отвори свој културен и информативен центар во Благоевград, е чиста бесмислица. Барем во сегашниве околности. Ако државата тоа го направеше пред повеќе години, тоа ќе имаше некаков ефект. Сега е – непотребен, констатира Никоваски.

Поентата е Македонците да отвораат свои клубови во Бугарија, а не нашата влада.

Клубовите не ги отвора нивната влада туку Бугарите во земјава, коишто се речиси цела ракатка. А државата, стои зад нив. Дали директно, или преку посредник, воопшто не е важно.

Тоа е нивна политика и поука за „нашиве“ како да постапуваат. Дали ќе разберат, е друга работа, вели Никовски…