Македонија нема отворени прашања со Словенија и факт е дека, на разни меѓународни форуми, имавме нивна поддршка во нашиот од по маките, којшто трае веќе преку 30 години. Чинам дека и сегашната нивна министерка за надворешни работи, Тања Фајон, во разни прилики, и лично нѐ поддржуваше. Ова досегашно искуство не само што најавуваше, туку и обврзуваше нејзината посета на Македонија (октомври, 2022) да не остави никакви контраверзни пораки.
За жал, не беше така – пишува амбасадорот Ристо Никовски за Плусинфо.
Прво, таа ја повторува лагата на нашите политичари и вели – „…важно е да бидеме свесни дека се почнати пристапните преговори“ и им честиташе на Владата и на македонските граѓани за „историскиот успех со отворањето на пристапните преговори за членство во Унијата“!
(…)
Второ, Фајон се осмелува да ни трие сол на глава кога вели – „Треба да се случи промена на Уставот, верувам дека може да се реализира тоа. Посакуваме да дојде до промена на Уставот… без да се доцни“!?
(…)
Трето, таа се согласила со Османи дека – „Македонија може да стане полноправна членка на ЕУ до 2030, доколку се постигне политички консензус“ и додала – „Поддржувам земјата до 2030 да стане полноправна членка, цел што е реална доколку сите државјани бидат на овој пат“. Просто неверојатно.
Никовски, потсетува дека Црна Гора преговара веќе 11-та година, а Србија преку девет години, и двете се на самиот почеток? Тогаш, како може Македонија да се пресели во Брисел до 2030? На ракетен погон?
Ако веќе Османи отворено го лаже народот, која е целта на Фајон? Не е возможно таа да не го знае сето ова. Зошто, сепак, се истрчала? Тоа не ѝ служи на чест ниту неа, ниту на Словенија.
Колумната на Никовски на следниот ЛИНК
