Премиерот Зоран Заев треба да одлучи дали ќе побара оставка или ќе ја разреши Лидија Димова, соопшти денеска вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски.
„ Денеска доставив до премиерот Зоран Заев мислење со кое предлагам изрекување на една од мерките според етичкиот кодекс. На основа на она што го констаиравме, прекршување на членови од кодексот, сметам дека за Димова треба да има политичка одговорност.
Заев треба да одлучи дали ќе побара оставка или разрешување на Димова“ – рече Николовски.