Наспроти анкетите кои покажуваат катастрофален рејтинг за СДСМ министерот за земјоделие Љупчо Николовски познат како ,,Љупче Путерот” ја уверува јавноста дека владеачката партија е консолидирана.

,,СДСМ е консолидирана партија, која постојано е на терен, меѓу граѓаните, и со сигурност се враќа на победничките патеки. На денешната трибина во Кочани во позитивна атмосфера меѓу кочанчани уште еднаш ги потврдивме нашите стратешки цели и интереси”, објавува Николовски на социјалните мрежи.

Според анкетите од кои последна беше таа на агенцијата Маркет Вижн на барање на порталот МКД.мк ВМРО-ДПМНЕ има двојна предност пред СДСМ.