Во синоќешното гостување во емисијата на „360 степени“ на Алфа, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, се согласи дека Преспанскиот договор е реалност, но дека од неговата партија ќе се обидат да ги ублажат последиците од Преспанскиот.
Според Николовски, има два начина да се направи тоа.
„Првиот е да освоиме дво-третинско мнозинство на овие избори за да може да пристапиме кон промена на Уставот и да го вратиме старото име.
Но, доколку граѓаните не ни дадат толкава поддршка, тогаш треба да направиме брза серија реформи, да ја ставиме Македонија на брза лента, да пробаме во скоро време да станеме членка на ЕУ и кога ќе сме на иста маса со Грција да пробаме да ги менуваме работите“, вели Николовски.