Нема датум во октомври, вели Николовски за Канал 5 (ВИДЕО)

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски вели дека сите информации кои тие ги имаат говорат дека во октомври Македонија нема да добие датум за почеток на преговори со ЕУ.

„Најдоброто што може да очекуваме е формирање на тим од претставници на пет европски институции кои ќе ги следат состојбите во областа на владеење на правото и борба против корупцијата во период од најмалку една, а најмногу две години по што ќе се даде оценка дали земјава е подготвена за почеток на преговорите“, тврди Николовски во разговорот за Канал 5.