Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски вели дека опо следните избори, кои, според негои треба да се случат напролет, ВМРО-ДПМНЕ ќе формира влада затоа што самостојно ќе освои над 61 пратеник.
Според Николовски, во моментот и бројките (од анкетите) покажуваа дека партијата е сѐ поблиску до самостојно освојување мнозинство во Собранието.
„Се надевам дека ќе добиеме поддршка од народот за да не трпиме никакви уцени и за да не зависиме од нечии лични или партиски интереси. Во однос на тоа дали ќе поканиме партнер во владата или не, тоа е сосема друго прашање кое можеме да го разговараме по завршување на изборите“,рече Николоски во гостување на 360 степени на ТВ Алсат.
Николовски смета дека наредната година ќе биде економски уште потешка, а актуелната власт не е способна да бсе соочи со предизвиците.
„Зимата 2023 ќе е полоша од зимата 2022, затоа што нема да завршат брзо воените дејствија во Украина, се очекува цените на енергенсите да одат нагоре, а со неспособен тим што не знае да го организира домашното производство, мислам дека 2023-та ќе биде уште полоша, затоа изборите мора да се случат што побрзо, најдоцна пролетта, за да има време новата влада да се спреми за зимата 2023-та“, рече Николовски.
