Вицепремиерот Љупчо Николовски е име кое се споменува како наследник на предмиерската фотеја по вчерашната оставка на Зоран Заев. Според шпекулации, Николовски е лице во кој Заев има најголема доверба, но истовремено и кадар кој ќе му овозможи на досегашниот премиер и натаму да ја води владата – но од сенка.
Што се однесува до изборот за нов претседател на СДСМ таму работите стојат поинаку, пишува Инфомакс, зашто СДСМ го смени статутот на партијата а избор на лидер бира – членството. Во мај годинава СДСМ одржа конгрес на кој убедливо победи Заев, но тој немаше противкандадат.
Заев е претседател на СДСМ од 2013 година, а моментално заменик-претседател е – Сања Лукаревска.
Овој пат, нема да биде изненадување доколку актуелната директорка на УЈП Сања Лукаревска биде кандидирана и избрана за нов лидер на СДСМ.
