Репрезентативецот Бобан Николов по победата против Италија се одзва на скандирањето на македонските навивачи кои во свој стил ја прославуваа големата победа.
Овој пат Николов ја “глумеше” Јужната или Северната трибина на стадионот Филип Втори или Тоше Проевски во Скопје каде што најчесто може да се види и чуе овој начин на навивање на македонските навивачи.
Откако додека се сликаше со капитенот Стефан Ристовски ги чу повиците од трибините Николов не можеше да не им врати на поддржувачите на репрезентацијата.
Македонските фанови се надеваат на повторување на овие извици и во Порто во вторник по мечот против Португалија.