Македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Николов и неговиот Шериф Тираспол направија првокласна сензација со триумфот од 2:1 над Реал среде Мадрид во второто коло од Лигата на шампионите!
Дебитантот од Молдавија поведе преку Узбекистанецот Јасур Јахшибаев во 25. минута, израмни Карим Бензема во 65. минута, а огромното изненадување го потврди Луксембуржанецот Себастијан Тил во последната минута.
Николов во втората минута од судиското надополнување на времето на „Сантјаго Бернабеу“ го замени Гркот Димитриос Коловос.
Шериф во својот старт од соништата во ЛШ води во групата Д со максимални 6 бода, три повеќе од второпласираниот Реал!